Достапни линкови

Шефот на германската дипломатија се вклучува во спорот меѓу Грција и Турција


ерманскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас,

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, денеска треба да разговара со Атина и Анкара за нивниот меѓусебен спор во врска со природниот гас во источниот дел на Средоземно Море. Министерството за надворешни работи соопшти дека Германија жали за одлуката на Турција да ги прошири активностите на истражувачкиот брод.

ЕУ ја повика Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот

Тензиите меѓу членките на НАТО Грција и Турција се зголемија откако Турција го испрати истражувачкиот брод „Оруч Реис“, придружуван од воени бродови, за да направи истражување за наоѓалишта на нафта и гас на територијата за која двете земји тврдат дека имаат јурисдикција. Турција, до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на бродот „Оруч Реис“ во Источен Медитеран. Во меѓувреме, Турција и Грција објавија дека имаат одделни воени вежби во источниот Медитеран.

XS
SM
MD
LG