Достапни линкови

Трамп стана кандидат на Републиканците за претседателските избори


Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД Мајк Пенс

Американскиот претседател Доналд Трамп и официјално е прогласен за републикански кандидат на следните претседателски избори. Тој им порача на делегатите дека државата ќе тргне во „ужасна насока“ доколку не беше реизбран за кандидат на претседателските избори. Според Трамп, годинашните претседателски избори се најважни во историјата на Соединетите држави. На изборите во ноември, Трамп ќе му се спротивстави на демократскиот кандидат Џозеф Бајден. И покрај пандемијата на коронавирусот, делегатите лично гласаа на партиската конвенција во Конгресниот центар во Шарлот, за разлика од демократите кои се обратија преку видео врска.

Неконвенционална конвенција за втор мандат на Трамп

Трамп се соочува со големи проблеми предизвикани од пандемијата, како и со критики за полициска бруталност во протести против расна нетрпеливост. Ако победи на изборите во ноември, тоа ќе биде неговиот втор мандат. На конвенцијата зборуваше потпретседателот на САД, Мајк Пенс кој рече дека реизборот на Доналд Трамп за претседателски кандидат значи уште четири години поддршка за војската, спроведувањето на законот и економското закрепнување по пандемијата. Тој додаде дека изборот меѓу Трамп и неговиот противник, Бајден, „никогаш не бил појасен, а влоговите никогаш не биле поголеми“.

XS
SM
MD
LG