Достапни линкови

Полицијата во Белорусија притвори опозициски координатори


Архивска фотографија- членови на советот за координација на опозициската лидерка во Белорусија Светлана Циханоскаја

Властите во Белорусија денеска пред фабрика за трактори во Минск приведоа два члена на советот за координација на опозициската лидерка Светлана Циханоскаја. Во меѓувреме државната новинска агенција БелСАТ јави дека друг член на опозицискиот совет, адвокатката Лилија Власова, е однесена на распит во седиштето на белорускиот истражен комитет во Минск.

Советот за координација соопшти дека претходно денеска Волха Ковалкова, која важи за најблиска соработничка на Циханоскаја и организаторот на протестите Сархеј Дулеуски биле приведени и осомничени за обид за организирање на незаконски протест во фабрика за трактори во Минск.

Триесет годишниот Дулеуски е вработен во фабриката, а неговиот говор против претседателот Александар Лукашенко го привлече вниманието на меѓународните медиуми. Неговото приведување следува ден откако повеќе од 100 000 демонстранти излегоа на улиците на главниот белоруски град на протест против Лукашенко. Протести против белорускиот претседател се одржуваат повеќе од две недели, а почнаа поради изборните резултати кои покажаа голема победа на Лукашенко.

XS
SM
MD
LG