Достапни линкови

Два бомбашки напади на Филипини, 10 загинати


Илустрација - Припадници на филипинската полиција

Најмалку 10 лица се убиени, а повеќе десетици се повредени во двојниот бомбашки напад, што денеска се случи во јужниот дел на Филипините, во исламистичкото упориште Сулу, во кои учестуваше и жена самоубиец. Нападот се случи во градот Холо, во мнозински муслиманската покраина Сулу, во која владините армиски сили долго време се борат со исламистичката бунтовничка група Абу Сајаф, јави ДПА.

Во двата бомбашки напади загинаа 10 лица, а над 40 се повредени.

„Во првата експлозија на импровизирана бомба, поставена на мотоцикл паркиран пред трговски центар, загинаа петмина војници и четворица цивили“, соопшти потполковник Корлето Винлуан.

Набрзо на истата улица, која филипинската полиција ја опколи, се случи уште една експлозија, а самоубиствениот напад го изведе жена, при што почина уште едно лице, а повредени се шест припадници на филипинските безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG