Достапни линкови

Регистрирани 445 прекршоци за неносење заштитна маска


Илустрација

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала 445 прекршоци по однос на мерката за носење заштитна опрема на носот и устата.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19. Казната изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место тогаш е 10 евра.

XS
SM
MD
LG