Достапни линкови

Американски дипломат во Литванија и Русија за Белорусија


Од демонстрациите во Минск, Белорусија, 23.08.2020.

Американскиот помошник државен секретар Стивен Бијеган ќе ги посети Литванија и Русија за да разговара за ситуацијата во Белорусија, каде што демонстрантите го предизвикуваат реизборот на претседателот Александар Лукашенко. Тој денеска ќе биде во Вилнус каде што, меѓу другото, планира да се сретне и со лидерот на опозицијата во Белорусија, Свјатлана Циханускаја, која замина во Литванија по претседателските избори што се одржаа на 9 август во Белорусија.

Лукашенко ќе ја зајакнува одбраната на границите

Бијеган ќе биде во Москва во вторник и среда, објави руската агенција Интерфакс, без да даде други детали. Литванија, членка на НАТО и Европската унија, се обидува да добие меѓународна поддршка за белоруската опозиција, која не ги признава изборните резултати, според кои Лукашенко, кој е на власт цели 26 години освои 80 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG