Достапни линкови

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија во прва посета на Иран


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Маријано Гроси

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Маријано Гроси ќе го посети Техеран каде што ќе има состаноци со високи ирански функционери. Ова е прва посета на Гроси од стапувањето на функцијата генерален директор на оваа организација со седиште во Виена во декември. Гроси ќе разговара во Техеран за можноста инспекторите на Агенцијата да ги посетуваат местата планирани како дел од следењето на спроведувањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Помпео ги обвини Европејците дека сакаат да бидат со ајатоласи

Средбата ќе биде организирана по одбивањето на ЕУ и другите големи сили да покренат постапка за американскиот предлог за повторно воведување на сите меѓународни санкции за Иран. Вашингтон го напушти договорот за иранската нуклеарна програма во 2018 година и од тогаш повторно воведе некои санкции за Иран. Како одговор, Техеран започна да ги намалува своите обврски од договорот.

XS
SM
MD
LG