Достапни линкови

Почнува Конвенцијата за номинирање на Трамп за изборите во ноември


Доналд Трамп

Во Шарлот денеска почнува конвенцијата на републиканците на која официјално ќе биде избран Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори. Конвенцијата ќе трае до 27 август. Трамп изјави дека има намера да ја прифати номинацијата на неговата партија со говор на 27 август од Белата куќа. Владини експерти велат дека планот ги крши повеќе децениските норми што ги почитуваа претседателите да не се користи федерален имот за кампањски цели. Трамп исто така има намера да одржува говори во текот на сите четири дена на Конвенцијата.

Бајден: ќе ја обединам Америка

Кандидатот за претседател на партијата генерално се појавува само на последниот ден, како што тоа го направи поранешниот потпретседател и претседателски кандидат на Демократската партија Џо Бајден на конвенцијата на неговата партија на 20 август. По завршувањето на конвенцијата на 27 август, следниот голем чекор во претседателската кампања ќе бидат дебатите меѓу Трамп и Бајден. Првата е закажана за 29 септември, а уште две се закажани за октомври.

XS
SM
MD
LG