Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Со новата Влада ќе продолжат економските неуспеси


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на соопштението на СДСМ за приоритетите на новата Влада. Според опозициската партија Македонија со лидерот на СДСМ, Зоран Заев добива влада со стари и истрошени кадри со кои ќе продолжат економските неуспеси.

„Истите тие ликови ветуваа, а не исполнија ништо и од програмата од минатите избори. Нема 500 евра просечна плата, нема 600 километри автопат, нема нов клинички центар, нема студенстки градови во Скопје, Штип, Тетово и Битола, нема странски инвестиции, ниту Гугл, ниту Фејсбук, ниту Фолксваген, ама создадоа нов долг од 1 милијарда евра за само три месеци со што го задолжија секое просечно семејство за нови 2.000 евра. Патем потрошија најголеми буџети во историјата на Македонија, а растот на економијата беше најнизок во регионот и Европа“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата на Заев ја направила Македонија најкорумпирана држава во Европа според Транспаренси Интернешнел во која, како што наведуваат од партијата, 500 илјади луѓе живеат во сиромаштија, а околу 80% од младите сакаат да си заминат во странство.

СДСМ: Економскиот развој приоритет на новата Влада

Од СДСМ претходно соопштија дека во наредниот четиригодишен мандат, посветено ќе работи на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој.

XS
SM
MD
LG