Достапни линкови

Намалена бројка на алкохолизирани лица и повредени во сообраќајки


Полициски час во Скопје на 7 јуни 2020 година. Возило на МВР и на брза помош.

Министерството за здравство соопшти денеска дека во периодот од јануари до јули годинава, според статистичките податоци на Службата за Итна медицинска помош, значително е намален бројот на интервенции на лица во алкохолизирана состојба и лица повредени во сообраќајни несреќи во споредба со истиот период минатата година.

„Тоа се должи на намалената фреквенција на движење и воведените мерките за спречување на ширење на коронавирусот“, наведуваат од министерството.

Според соопштението, регистрирани се интервенции кај пет деца до 18 години во алкохолизирана состојба, додека во 2019 година биле регистрирани интервенции кај 20 деца. Намален е и бројот на интервенции кај лицата на возраст од 20 до 40 години од 84 на 58 и кај лицата од 40 до 60 години, од 159 на 133.

Во март, регистрирани се вкупно 43 интервенции кај лица во алкохолизирана состојба за разлика од минатата година кога имало 75 интервенции или 32 повеќе. Во март годинава, имало вкупно 87 лица повредени во сообраќајни незгоди, како што наведуваат од министерството, што е за 23 лица помалку споредено со истиот месец лани додека во април во сообраќајни незгоди биле повредени 60 лица, или за 45 помалку споредено со април минатата година.

Заболени 156, оздравени 76 и починати 6 лица од коронавирус

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.458, бројката на оздравени пациенти е 10.052, а на починати 563. Активни се 2843 случаи.

XS
SM
MD
LG