Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска ги вработила золвата и сопругот


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изјави дека единствено достигнување во досегашната кариера на Јагода Шахпаска, која е предложена за министер за труд и социјална политика, и е тоа што успеала да си ја вработи цела фамилија во државна администрација.

„Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во Македонски шуми“, изјави Трајкоска.

Воедно таа прашува „која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика, дали тоа што како пратеник успеала да си ги вработи сопругот и золвата или тоа што нема направено ништо за регионот од кој што доаѓа“.

Нова влада со старо нов состав

Кадровските решенија за владата на Зоран Заев, како што наведува Трајкоска, се стари истрошени транзициски кадри.

Во новата Влада која ја сочинуваат старите коалициски партнери СДСМ, ДУИ и ДПА, ќе има седум министри помалку. Откако вчера беше избран старо новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, во следниот период во законодавниот дом треба да бидат избрани и новите министри.

XS
SM
MD
LG