Достапни линкови

Шефот на МААЕ во посета на Иран


Шефот на Меѓународната агенција за атмоска енергија, Маријано Гроси

Шефот на Меѓународната агенција за атмоска енергија, Маријано Гроси за два дена ќе отпатува во Иран со цел да се обиде да оствари напредок во спорот со земјата за нејзината нуклеарна програма и за блокирањето на инспекциите на нуклеарните псотројки.

Тоа ќе биде прва посета на Гроси на Иран откако ја презема функцијата пред 8 месеци и доаѓа во услови на застој во соработката меѓу агенцијата и Техеран околу пристапот до две нуклеарни постројки каде можеби се случуваат нуклеарни активности и барањето на САД за повторно воведување на санкции врз земјата.

Помпео: САД почнуваат процес за враќање на санкциите на ОН врз Иран

„Мојата цел е дека моите состаноци во Техеран ќе доведат до конкретен напредок во решавањето на прашањата што Агенцијата ги има издвоено во врска со заштитните мерки во Иран и, особено, за решавање на прашањето за пристапот“, рече Гроси.

ЕУ свика состанок за иранскиот нуклеарен договор

Тој додаде дека ќе се сретне со високи претставници на власта. Управниот одбор на МААЕ донесе ретка резолуција во јуни, во која го повика Иран да обезбеди пристап до две локации, каде што во минатото можеби се преземале нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG