Настаните на денот низ фотографии - 20 август 2020 година.
Скопје - Москва - Вашингтон...

1
РУСИЈА - Критичарот на Кремљ Алексеј Навални е на интензивна нега во болница во Омск, каде што се лекува заради сомнително труење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш. На Навални му се слошило додека бил на лет од Москва кон Томск, принудувајќи го авионот непланирано да слета во Омск, каде што бил пренесен со брза помош во болницата, објави Јармиш на Твитер, наведувајќи дека Навални е во несвест.

2
МАКЕДОНИЈА - Mинистерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека се уште не се знае која ќе биде цената за вакцината за Ковид-19, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно.

3
САД - На Националната конвенција на Демократите, поранешниот американски претседател Барак Обама остро го критикуваше својот наследник, републиканецот Доналд Трамп, нарекувајќи го несоодветен за позицијата шеф на државата, пренесе Ројтерс.

4
БЕЛОРУСИЈА - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, се закани со кривични пријави против лидерите на опозицијата во таа земја и ги повика безбедносните служби да го зголемат притисокот врз демонстрантите. По состанокот на Советот за безбедност, белорускиот лидер ги предупреди членовите на опозицискиот координативен совет дека може да се соочат со кривична одговорност за обидот за создавање паралелни структури на власт.