Достапни линкови

Во Дебар регистрирани најмладиот и најстариот позитивен на Ковид-19


Д-р Ментор Мела, епидемиолог и раководител на единицата за Јавно здравје во Дебар.

Во општините Дебар и Центар Жупа, каде што беа регистрирани првите заболени од Ковид-19 во земјава, се евидентирани и најмладиот пациент заразен со коронавирус - 3-месечно бебе, и најстариот позитивен на овој вирус - 96-годинишен дебарчанец.

И двата пациенти сега се целосно излекувани, без посоледици, изјави за Радио Слободна Европа дебарскиот епидемиолог Ментор Мела, раководител на единицата за Јавно здравје во Дебар.

Според него, вкупниот број на позитивни пациенти изнесува 224, брок кој беше нагло зголемен во вториот бран на вирусот, за разлика од првиот бран кога имаше само 51 заболен. Мела додава дека бројот на активни болни е 40, а моменталниот тренд е зголемување на бројот на позитивни во селските населби на општините Дебар и Центар Жупа.

Д-р Мела информираше и тоа дека до сега ниеден од болните не дал плазма за лекување на заболни од Ковид-19, а како главни причини за зголемување на бројот на болни во вториот бран, според него, е целосното непочитување на мерките за заштита, особено кај младите, но и непочитувањето на протоклите од страна на дел од угоститеслките објекти.

Кенан Мимидиноски

XS
SM
MD
LG