Достапни линкови

Епл стана прва американска компанија која има два трилиони долари пазарна вредност


Канцелариите на Епл во Калифорнија

Технолошкиот гигант Епл денеска стана првата американска компанија која достигна пазарна вредност од два трилиони долари. Производителот на Ајфон претходно, во март 2018 година стана првата компанија која достигна пазарна вредност од еден трилион долари. По неа следуваат други технолошки компании како Амазон, Мајкрософт, Гугл кои имаат над еден трилион долари пазарна вредност. Успехот на Епл доаѓа во период на генерално зголемени цени на технологијата поради тоа што многу вработени во Соединетите Американски Држави се префрлија на работа од дома поради пандемијата со коронавирусот и протоколите за социјална дистанца.

XS
SM
MD
LG