Настаните на денот низ фотографии - 19 август 2020 година.
Жица, дослух и пуч

1
СРБИЈА / МАКЕДОНИЈА - Србија започна со поставување жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини, потврдија за Радио Слободна Европа претставници на локалната самоуправа во Прешево.

2
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во, двајца починати и 112 оздравени пациенти.

3
БЕЛОРУСИЈА - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека му наредил на Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск што избувнаа по претседателските избори, одржани на 9 август. Тој исто така им наредил на граничните власти да ја зголемат безбедноста на границите со цел да спречат влез на борци или оружје во земјата.

4
САД - На четиридневната конвенција на Демократската партија н која 77 годишниот Џо Бајден и официјално е номиниран за кандидат на оваа партија на претседателските избори на 3 ноември годинава покрај другите говореше поранешниот претседател Бил Клинтон, како и сопругата на Бајден, Џил Бајден, која е една од неговите најблиски политички советници.