Достапни линкови

1902 тестирани, 108 нови корона позитивни и двајца починати


Илустрација - Пункт за тестирање за Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во, двајца починати и 112 оздравени пациенти.

Новозаразените се регистрирани во Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4 и во Свети Николе-3.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12. Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.

XS
SM
MD
LG