Достапни линкови

И августовска пензија и социјалната помош ќе се исплаќаат етапно


Луѓе со заштитни маски во автобус, пред банка, на улица, во продавница, на пазар, во парк...

Авгстовската пензија и надоместокот за социјална помош, поради ситуацијата со Ковид-19, ќе се исплаќа етапно, како и претходните месеци.

Од Владата информираа дека на деловните банки им е препорачано преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите што не користат картички во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата - 26.8.2020, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари; 27.8.2020, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари; 31.8.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари и 1.9.2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Од Владата соопштија и дека им препорачале на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии што се префрлени од Еуростандард банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел тие да може да располагаат со августовските пензии на 7.9.2020, 14.9.2020 и на 25.9.2020 година за оние корисници на пензиите што досега ги користеа услугите на Еуростандард банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциски сметки во другите банки.

И редовната исплата на паричните права од социјалната заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства, за август 2020 година ќе се врши во 3 групи (на 2, 3 и 4 септември), a дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и на 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и на 21 септември 2020 година.

XS
SM
MD
LG