Достапни линкови

Продолжува конвенцијата на демократите за кандидат за претседател на САД


Џо Бајден и сопругата Џил Бајден,

На четиридневната конвенција на Демократската партија н која 77 годишниот Џо Бајден и официјално е номиниран за кандидат на оваа партија на претседателските избори на 3 ноември годинава покрај другите говореше поранешниот претседател Бил Клинтон, како и сопругата на Бајден, Џил Бајден, која е една од неговите најблиски политички советници. Бајден ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата в четврток вечер. Неговиот избор за потпретседателски кандидат, сенаторката Камала Харис ќе зборува денеска вечер заедно со поранешниот претседател Барак Обама, со кого Бајден работел како потпретседател.

Виртуелна политика: Бајден, Харис и демократите на онлајн конвенција

Конвенцијата која во голема мера е виртуелна поради пандемијата на коронавирус, делегатите од целата земја ќе гласаат од далечина. И Републиканската национална конвенција која ќе се одржи во идната недела, исто така, во голема мера ќе биде виртуелна. Трамп ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата во Белата куќа, и покрај критиките дека ја политизира претседателската резиденција.

XS
SM
MD
LG