Достапни линкови

Денеска е Светскиот ден на хуманитарноста


илустрација

Денешниот Светски ден на хуманоста светот им оддава почит на хуманитарните работници убиени и повредени во текот на својата работа. Годинава почит им се оддава и на здравствени работници кои продолжуваат, и покрај предизвиците и опасностите, да обезбедат спасување животи и поддршка и заштита на луѓето во борбата против пандемијата на ковид-19. Хуманитарните работници ги надминуваат невидените пречки за да им помогнат на луѓето во хуманитарни кризи во 54 земји, како и во дополнителни девет земји, на кои имаат потреба од хуманитарна помош поради пандемијата.

ОН: Богатите да им помогнат на сиромашните земји во борбата со Ковид-19

Овој ден е во знак на сеќавање на бомбашкиот напад на 19 август 2003 година врѕ хотелот Канал во Багдад, Ирак, при што загинаа 22 лица, меѓу кои и главниот хуманитарец во Ирак, Серхио Виера де Мело. Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализира денот како Светски ден на хуманитарноста.

XS
SM
MD
LG