Достапни линкови

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за Белорусија


Александар Лукашенко

Лидерите на Европската унија денеска ќе одржат видео-состанок за случувањата во Белорусија, најави во понеделникот претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. ЕУ започна процес на воведување санкции на белоруските службеници одговорни за изборни измами и остри мерки на протестите што следуваа по претседателските избори на кои Александар Лукашенко тврди дека победил со 80 насто од гласовите. 27-те лидери на ЕУ ќе разговараат за тоа каква друга поддршка можат да дадат на Белорусија.

Лукашенко одби странско посредништво во белоруската политичка криза

Првичните идеи вклучуваат фонд за жртвите на репресија, финансирање на проекти за поддршка на плурализмот во медиумите, советување за полициска реформа, подобрување на размена на студенти со ЕУ, како и овозможување полесен пристап до пазарот на трудот на блокот за белоруски работници. Полска, Чешка, трите балтички држави и Данска исто така побараа посредување во ЕУ меѓу Лукашенко и опозицијата.

XS
SM
MD
LG