Достапни линкови

Се укинува контролниот корона тест по изолација


Илустрација

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за престанок на изолација, односно нема да биде потребен контролен тест по излегувањето од изолација, информираше на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

„Според МАНУ и според насоките од СЗО нема потреба да се тестираат луѓе кои биле во изолација. Имено, резултатите на испитувањата на МАНУ покажале дека по 10 дена кај асимптоматските случаи нема присуство на вирусот кој може да се пренесе и да предизвика болест, а кај заболените со симптоми, по 20 дена се случува истото“, рече Филипче.

Затоа, додаде тој, се предвидува ослободување од изолација на пациентите без контролен тест. Филипче информираше и дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, двајца починати пациенти и 152 оздравени.

XS
SM
MD
LG