Достапни линкови

Нови 130 случаи на Ковид-19 и двајца починати


Илустрација - Примерок од крв за тестирање на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, двајца починати пациенти и 152 оздравени.

Новозарзените се регистрирани во Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6. Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови“соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908.

XS
SM
MD
LG