Достапни линкови

Почна средбата Ахмети - Заев


Во Клубот на пратениците во Скопје почна средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, која беше најавена како клучна за постигнување евентуален договор за формирање парламентарно мнозинство и Влада.

На средбата присусвуваат и партиските секретари Љупчо Николовски и Артан Груби, а за по средбата е најавена прес-конференција. Пред средбата од СДСМ ги негираа информациите дека веќе се распределуваат министерски места, и, нарекувајќи ги шпекулации, рекоа дека се што се објавува пред средбата Заев - Ахмети не е точно.

Вчера и двете партии соопштија дека постигнат е сериозен напредок и дека на денешната средба меѓу Заев и Ахмети се очекува конечен договор за нова влада. Кажаа и оти се надеваат дека во наредните денови ќе продолжи и конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија

XS
SM
MD
LG