Достапни линкови

Захариева: На 2 септември ќе знаеме дали ќе има оставка


Шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиерка во Владата, Екатерина Захариева

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека на 2 септември ќе се дознае дали ќе има 120 потписи за поддршка на предлогот на ГЕРБ за оставка на Владата и ако биде „да”, уште тогаш ќе постои подготвеност за оставка.

„Потребата од свикување на Големото народно собрание се расправаше со години, но досега никој не го стори тоа, вклучително и голем број политички партии кои водеа и такви предизборни кампањи. Ние го сторивме тоа“, рече Захариева во изјава за ГЕРБ.

Таа побара од политичките партии што се залагаат за значајни реформи на граѓаните да објаснат зошто, кога се нуди можност за навистина суштински реформи, тие, како што рече, се против тоа.

Во Бугарија веќе неколку недели траат протести со барање за оставка од Владата, бидејќи, како што велат демонстрантите, несправувањето со корупцијата. Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ќе бара уставни измени и предвремени избори, по чие распишување ќе си поднесе оставка. Итна оставка од Борисов побара и бугарскиот претседател Румен Радев.

XS
SM
MD
LG