Достапни линкови

Почна конвенцијата на демократите за кандидат за претседател на САД


поранешниот претседателски кандидат Берни Сандерс

Демократите ја отворија својата национална конвенција со говори на поранешната прва дама Мишел Обама и поранешниот претседателски кандидат Берни Сандерс, кои ги повикаа гласачите да го отфрлат претседателот Доналд Трамп и неговата „политика на поделба“. Конвенцијата, која мораше да се префрли преку интернет поради пандемијата на коронавирус. Обама рече дека Трамп постојано покажувал дека е „погрешен претседател за Америка“. „Секогаш кога ќе побараме во оваа Бела куќа некое лидерство, или утеха, или каква било привлечност, добиваме хаос, поделба и тотален недостаток на емпатија“, рече таа.

Виртуелна политика: Бајден, Харис и демократите на онлајн конвенција

Сенаторот Берни Сандерс (Демократ-Вермонт), кој беше меѓу кандидатите на демократите кои го оспорија Бајден за номинацијата, предупреди дека Трамп „нè води по патот на авторитаризмот“. Тој рече дека иднината на демократијата во Соединетите држави е во прашање, а изборот на Џо Бајден е апсолутна неопходност за да се спаси земјата. Поранешниот потпретседател, кој треба да биде официјално номиниран, не зборуваше за време на вечерта, но тој потоа коментираше на Твитер. „Вечерва видовме дека Американците се подготвени да се обединат и дека ние народот можеме да ги надминеме овие кризи и да излеземе посилни од кога и да било“, рече тој. Трамп вчера отпатува во Висконсин на изборен митинг.

XS
SM
MD
LG