Достапни линкови

Средба меѓу Заев и Ахмети


Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети

Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети денеска, како што е најавено од двете партии, треба да се сретнат во врска со разговорите за формирање нова влада. Соопштено е дека ова било договорено на разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ. „Тимовите на СДСМ и на ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена по добивање на мандатот.

Можен договор за влада на СДСМ и ДУИ до крајот на неделава

Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада“, стои во соопштението од СДСМ. ДУИ пак соопшти: „Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со ковид-19, ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев на која се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат“.

XS
SM
MD
LG