Достапни линкови

Разрешен директорот на ЈП „Улици и патишта“


Петре Шилегов

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата. Ова на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Како што јавуваат некои медиуми, Смаиловиќ е разрешен наводно поради тоа што полицијата кај него нашла кокаин.

Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

XS
SM
MD
LG