Достапни линкови

НСДП предлага да се прескокне оваа учебна година


НСДП предлага Комисијата за заразни болести и Владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не почне, односно учениците да останат дома цела година.

Партијата како аргументи го наведува тоа што физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување онлајн настава, може да го зголеми бројот на заразаени со коронавирус.

„Најавите за можноста од повторно воведување рестриктивни мерки во есенските и зимски месеци, во ситуација на реални очекувања за влошување на епидимиолошката ситуација, ќе значи внесување дополнителни прекини и нарушувања на образовниот процес, вo која било форма да се одлучи тој да се спроведе“, стои во соопштението од НСДП.

Според партијат, од друга страна, за оваа партија имплементирањето на онлајн наставата носи сериозен ризик за нарушување на инклузивноста на целокупниот образовен процес, поради тоа што дел од децата немаат пристап до интернет или интернет-конекцијата е неквалитетна.

XS
SM
MD
LG