Достапни линкови

Нетанјаху: Договорот со Емиратите сигнализира крај на формулата земја за мир


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека договорот за воспоставување целосни дипломатски односи со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) докажува дека Израел не мора да се повлече од окупираната земја што ја бараат Палестинците со цел да се постигне мир и нормализација со арапските држави. „Според Палестинците и многу други во светот кои се согласија со нив, мирот не може да се постигне без прифаќање на палестинските барања, вклучително и искоренување на (еврејските) населби и поделба на Ерусалим. Не повеќе“, рече Нетанјаху во видео изјава.

Пуштени телефонските линии меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Израел и Обединетите Арапски Емирати во четвртокот објавија дека воспоставуваат целосни дипломатски односи врз основа на договор посредуван од Соединетите држави, кој бара престанок на спорниот израелски план за анексија на окупираниот Западен Брег. Нетанјаху тврди дека планот бил само привремено одложен на барање на Соединетите држави. Обединетите Арапски Емирати, како и повеќето арапски свет, ги отфрлаа официјалните дипломатски врски со Израел, велејќи дека признавањето може да дојде само во замена за отстапки во мировните преговори. Сепак, договорот на Емират со Израел претставува прекин на ваквите принципи и може да доведе до тоа другите арапски држави да се движат во таа насока, поткопувајќи го арапскиот консензус што беше еден од ретките силни аргументи за Палестинците.

XS
SM
MD
LG