Достапни линкови

Пуштени телефонските линии меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел


Илустрација

Телефонскиот сервис меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел денеска почна да функционира откако двете земји почнаа со дипломатски односи. Претходно преку снимени пораки на арапски и англиски се информираше дека повиците кон Израел не може да се воспостават.

Телефонските конекции се прв конкретен чекор од договорот меѓу ОАЕ и Израел. Двете страни на 13 август објавија дека воспоставиле целосни дипломатски односи со помош на Соединетите Американски Држави. Според тој договор Израел треба да го запре својот спорен план за окупирање на Западниот брег.

XS
SM
MD
LG