Достапни линкови

Во Грција четири дена по ред над 200 новозаболени


Архивска фотографија- тестирање за коронавирус во Грција

По иницијатива на периферијата Атика од утрово на две атински пристаништа започна тестирање за Ковид-19 по случаен избор на патниците кои се враќаат од островите, дописничката на МИА од Атина.

Тестирањето ќе трае во текот на денот, а мерката е поради тоа што денеска се очекува голем дел од Грците да се вратат во Атина по вчерашниот празник Пресвета Богородица кога граѓаните најчесто го користат летниот одмор, заминуваат на викенди и сл. Целта на тестовите по случаен избор е да се откријат евентуални асимптоматски лица, кои можеби, без да знаат, за време на летниот одмор на некој од грчките острови се заразиле со коронавирусот.

На најголемото грчко пристаниште Пиреас, беше и префектот на периферијата Атика Јоргос Патулис, кој заедно со вработените и волонтерите учествуваше во информирањето на граѓаните.

Во Грција, во изминатите денови зголемен е бројот на нови случаи на Ковид-19, веќе четири дена по ред има над 200 новозаболени, а за само една седмица регистрирани се 1.475 нови случаи и починаа 15 лица.

XS
SM
MD
LG