Достапни линкови

Времето денеска- попладне дожд и грмежи


Илустрација

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд со засилен ветер и со појава на град. Дневните температури ќе се движат од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне до 31 степен.

XS
SM
MD
LG