Достапни линкови

Пендаровски и Бежовска за што поскоро обештетување на депонентите во Еуростандард банка


Пари, денари, илустрација.

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го информираше за затворањето на „Еуростандард банка“ и за активностите кои се преземаат порача дека сите надлежни институции треба да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите.

НБРМ ја затвори Еуростандард банка

„Пендаровски и Ангеловска-Бежоска истакнаа дека е важно да се вложи максимум за поскоро отпочнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување на депозити, и пред законски предвидениот рок од 20 дена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

Кој ќе си ги врати парите од Еуростандард банка?

Пендаровски на средбата изразил очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

Народната банка ја затвори банката „Еуростандард“ поради неисполнување минимални законски услови за работење.

XS
SM
MD
LG