Достапни линкови

ЕВН го осуди палењето на возила во Тетово


Илистрација

Од ЕВН Македонија го осудија инцидентот во Тетово и најавија поголема заштита за вработените и имотот откако нивни две возила беа запалени.

„Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се усмерени против нас. Воедно најостро го осудуваме секој вид на говор на омраза кој што може да доведе до насилство како што беше случај синоќа“, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа и двата пожари беа локализирани и изгаснати. Полицијата за инцидентот го привела 43 годишниот К.О од Тетово, кој е осомничен дека со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „Дачија дастер“ и патничко возило „Нисан“,двете во сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „Голф“, со тетовски регистарски ознаки.

XS
SM
MD
LG