Достапни линкови

Преговорите со СДСМ продолжуваат, тврди ДУИ


Али Ахмети и Артан Груби

ДУИ денеска соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ продолжуваат и дека се одвиваат на различни партиски нивоа.

„Потврдени се принципите врз кои ќе се заснова следната влада, и тие и беа соопштени на јавноста неколку пати. Се подготвуваме за следните чекори, како што се изработката за детална програма за работа и дефинирање предлози со соодветни, подготвени, чесни и способни кадри“, стои во соопштението од ДУИ.

И од СДСМ денеска испратија соопштение до јавноста дека продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна влада, но без да прецизираат со кои партии.

„Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство, кое треба да осигури нова влада со полн четиригодишен мандат продолжува“, соопштија социјалдемократите.

Вчера попладне Али Ахмети и Зоран Заев имаа средба која преку заедничко соопштение ја оценија како „конструктивна и продуктивна на која биле постигнати основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“.

XS
SM
MD
LG