Достапни линкови

Алијанса и Алтернатива: Ако преговараме нема да бараме премиер Албанец


Лидерите на Алтернатива и Алијанса за Албанците, Африм Гаши и Зијадин Села

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска информираа дека нивни претставници немале на ниту една официјална средба и ниту каква било друга средба за учество во новата влада и дека нема да да преговараат се додека ДУИ не го исцрпи правото да биде дел од идната влада, односно да стане опозиција.

За нив, како што велат, „ДУИ е легален, но нелегитимен победник на изборите кај партиите на Албанците“.

„Иако ние сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што кажавме, ако во Собранието доајде предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за него. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, рече на денешната прес-конференција, Скендер Зеид Реџепи, генерален секретар на Алтернатива.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека тие очекуваат ДУИ да остане на предлогот за премиер Албанец во следните четири години, колку што трае мандатот, и дека доколку тие бидат вклучени во разговори за формирање Влада, нема да бараат премиер Албанец.

XS
SM
MD
LG