Достапни линкови

Викендов „Крушево низ корија“


Илустрација - параглајдинг над Крушево

Шестата епизода на фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ ќе започне утре (15 август).

Според организаторите, новите Протоколи за начинот и условите за организирање на настани „нема посериозно да ја нарушат традиоционалната програмска шема на фестивалот“.

„Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 километри. Истата би ја класифицирале во средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80 отсто од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има изворска вода за пиење. Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости“, информираат организаторите за турата која стартува од 10 часот на Мечкин камен.

Постер „Крушево низ корија“
Постер „Крушево низ корија“

Во рамки на фестивалот се организираат и рекреативна велосипедска тура низ крушевските знаменитости и офроуд велосипедска тура низ крушевската корија. Дополнително, традиционално се организираат и тандем летови со параглајдинг за учесниците по повластени цени.

XS
SM
MD
LG