Достапни линкови

Вучиќ предлага два концепта за формирање Влада


Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека ќе ѝ предложи на Српската напредна партија (СНС), чиј лидер е тој, два концепта за формирање влада, од кои првиот е проста коалиција со една партија, а вториот концепт е еден вид концентрациона Влада, по што за година и половина ќе се оди на нови парламентарни избори, јави МИА од Белград.

Вучиќ додаде дека е поблизу до концептот на проста коалиција со една партија, но не сакаше да прецизира за која партија станува збор.

„Јас сум поблизу до тој концепт, но уште ќе проценувам. Вториот концепт се однесува на еден вид концентрациона влада поради ситуацијата околу Косово, вториот бран на коронавирусот што се очекува на есен и од потребата да се справиме со проблемите создадени од глобалната економска криза“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк, пренесе МИА.

XS
SM
MD
LG