Достапни линкови

Од утре во Србија само со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа


Илустрација - Граничен премин Македонија-Србија, царинска и полициска контрола со One-Stop-Shop

Членовите на српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот донесоа одлука од утре странците кои доаѓаат во Србија од Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија ќе треба да имаат негативен тест ПЦР, не постар од 48 часа.

Ова го потврдил епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, во изјава за РТС. Исто така било решено да се запрат ограничувањата што се однесуваа на граѓаните на Црна Гора.

Од утре за македонските државјани се отвораат и границите на Црна Гора.

XS
SM
MD
LG