Достапни линкови

Црна Гора ги отвора границите за Балканот, се утврдуваат условите


Илустрација - Полиција со заштитни маски на црногорскиот граничен премин Божај

Црна Гора утре ќе ги отвори границите за влез на државјани на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, изјави директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, д-р Бобан Мугоша.

Според него, денеска ќе биде оддржана онлајн седница на Националното координативно тело на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од земјите од западниот Балкан. Според Мугоша, влезот најверојатно ќе биде со негативен PCR тест или серолошки ELESA.

Отворањето на границите за земјите од регионот е на барање на туристичката заедница, информирал црногорскиот ИЈЗ. Оттаму велат дека во Црна Гора се уште има висока локална трансмисија на коронавирусот, но дека е контролирана, а претстојните избори, закажани на 30 август, нема да влијаат на епидемиолошката слика.

XS
SM
MD
LG