Достапни линкови

Турција: историјата нема да им прости на ОАЕ за договорот со Израел


Принцот Абу Даби Мохамед Ал Нахјан и Бенјамин Нетанјаху

Турција денеска оцени дека историјата нема да го заборави и никогаш нема да го прости „лицемерното однесување“ на Обединетите Арапски Емирати за договорот со Израел за нормализирање на односите. Министерството за надворешни работи соопшти дека палестинскиот народ има право да реагира остро против договорот. Претседателот на САД Доналд Трамп, помогна во постигнувањето на договорот.

Израел и ОАЕ воспоставуваат целосни дипломатски односи со посредство на САД

Турција има дипломатски и трговски врски со Израел, но односите се затегнати со години. Во 2010 година израелските командоси убиле 10 турски активисти кои се обидоа да ја прекршат блокада на Појасот Газа, со која управува палестинското исламистичко движење Хамас. ОАЕ станува третата арапска земја што воспостави целосни односи со Израел, по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година.

XS
SM
MD
LG