Достапни линкови

Париз повторно во „црвена“ високо-ризична зона на ковид-19


илустрација

Француската влада ги прогласи Париз и областа Буш-ду-Рон околу Марсеј на медитеранскиот брег како „црвени“ зони со висок ризик од инфекција со коронавирус. Ова се наведува во владината уредба објавена денеска. Уредбата им дава на локалните власти овластување да ја ограничат циркулацијата на луѓе и возила, да го ограничат пристапот до јавен превоз и воздушен сообраќај, да го ограничат пристапот до јавни згради и да затворат некои установи каде што постои висок ризик од инфекција.

СЗО ги повика луѓето да не се плашат дека ќе се заразат со коронавирус од допир на храна

Мерката следува по нагло зголемување на инфекциите со ковид-19 во текот на изминатите две недели.

XS
SM
MD
LG