Достапни линкови

Помпео во Виена на разговори за партнерството меѓу САД и Австрија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Виена ќе се сретне со австрискиот канцелар Себастијан Курц на разговори за стратешкото партнерство на САД и Австрија и за регионални безбедносни прашања. За време на вчерашната посета на Помпео на Словенија беше потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G.

Помпео – Плимата се свртува против Комунистичката партија на Кина

Текстот на нацрт-декларацијата предвидува безбедносна проверка на корпорациите што нудат 5G технологија, транспарентност на нивна сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување. САД веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.

Помпео: Европа да ја брани демократијата од Русија и Кина

Утре во Варшава секретарот Помпео ќе разговара со полските домаќини за соработката меѓу САД и Полска, вклучително и за продлабочување на одбранбените врски, За време на посетата на Помпео ќе се одбележи стогодишнината од битката во Варшава во 1920 година, во која полските сили ги поразија болшевиците.Прва станица на европска турнеја на Помпео беше Чешка.

XS
SM
MD
LG