Достапни линкови

Министерски состанок на ЕУ за Белорусија и Турција


Жозеп Борел

Земјите членки на ЕУ го повикаа шефот за надворешни работи Жозеп Борел да свика вонредни разговори на министрите за надворешни работи за потенцијални санкции на Белорусија и Турција што би требало да се одржат денеска преку видео конференциска врска.

Што со Белорусија откако лидерот на опозицијата ја напушти земјата под мистериозни околности

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто го побара овој состанок, по судирите меѓу белоруските безбедносни сили и демонстрантите по претседателските избори во таа земја. Министрите на ЕУ треба да разговараат и за турските активности во источен Медитеран.

Ердоган ја обвини Грција за тензиите во Медитеранот

Канцеларијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го повика Борел да закаже вонреден министерски совет, откако турски брод, придружуван од воени бродови и борбени авиони, впловил во спорните води во близина на грчките острови за да бара нафта и гас.

XS
SM
MD
LG