Достапни линкови

Протести против поскапувањето на струјата


Рударско индустриски комбинат во Битола (РЕК), најголем производител на струја во Македонија.

Денеска со почеток од 18 часот, во Скопје е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто. Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира до Влада.

Бислимоски - Вработувањата и луксузниот мебел не влијаат на цената на струјата

Демонстрантите на минатонеделниот протест во Скопје кој заврши пред Владата, покрај барањето за итно поништување на последната одлука на РКЕ побараа и нејзино распуштање и да се формира независно арбитрарно тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги. Денеска, како и во минатата недела, покрај протестот во Скопје, ќе бидат организирани протести и во неколку други македонски градови.

XS
SM
MD
LG