Достапни линкови

Џафери го откажа продолжувањето на конститутивната седница


Талат Џафери

Претседавачот на конститутивната собраниска седница Талат Џафери поради објективни семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на седницата, се вели во официјалното известување од неговиот кабинет. Тој вчера на Фејсбук објави дека добил внук од ќерка. Претходно Џафери за денеска попладне го закажа продолжувањето на конститутивната седница која почна на 4-ти август. Тој за ова ги известил сите парламентарни партии, а седницата требаше да заврши со избор на нов претседател на Собранието.

Мандат за нова влада и конститутивна собраниска седница

„Потегот на Пендаровски за мене беше сигнал дека е обезбедено потребно владејачко мнозинство, бидејќи мандат според Уставот се дава на партијата односно партиите што имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Ако има вакво мнозинство ќе има мнозинство и за избор на претседател на Собранието“, изјави Џафери за медиумите откако претседателот Стево Пендаровски најави дека денеска напладне ќе му го довери мандатот за состав на новата Влада на лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG