Достапни линкови

Најмногу заразени на германски автопат преку кој доаѓаат од Западен Балкан


илустрација

На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со ковид-19 бил пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија. Според германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.

Германија дозволи да се патува во делови на Турција

Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитира изјавата на министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, дека тоа се објаснува со фактот што тест станицата на автопатот А3 „главно ја користат патниците од Западен Балкан“. Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија.

XS
SM
MD
LG