Достапни линкови

Помпео во посета на Словенија за 5G мрежата


американскиот државен секретар Мајк Помпео

За време на денешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Словенија е предвидено да биде потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G. Текстот на нацрт-декларацијата предвидува безбедносна проверка на корпорациите што нудат 5G технологија, транспарентност на нивна сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување. САД веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.

Помпео: Европа да ја брани демократијата од Русија и Кина

Помпео вчера беше во Чешка, прва станица на европска турнеја со голема агенда, вклучително и улогата на Кина во градењето на 5G мрежа, а по Словенија ќе ги посети Австрија и Полска.Помпео пристигна во Европа откако американскиот претседател Доналд Трамп најави намалување на вoеното присуство на САД во Германија.

XS
SM
MD
LG