Достапни линкови

Британија влезе во најдлабока рецесија


Илустрација - Угостителски објект во Лондон

Велика Британија влезе во најдлабока рецесија откако денешните податоци покажаа дека економијата се намалила повеќе од која било друга земја од Г7 за време на појавата на корона вирусот во трите месеци до јуни, соопшти Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Според ОНС, бруто домашниот производ паднал во вториот квартал за 20,4 отсто спореден со претходните три месеци – најголем квартален пад од кога започнале компаративните записи во 1955 година.

По падот од 2,2 проценти во првиот квартал, бројките потврдуваат дека економијата на Велика Британија паднала во рецесија по појавата на епидемијата во март и откако владата воведе национално заклучување за да ја запре. Економистите сметаат два последователни минуси во БДП е техничка дефиниција за рецесија.

XS
SM
MD
LG